PDA

Pogledati punu verziju : ФРЕКВЕНЦИСКИ ОПСЕЗИ



Adminisrator™
02.11.2020, 14:40
Радиофреквенциите, во зависност од својата фреквенција и бранова должина се поделени на повеќе подрачја:
49
Радиоаматерите можат да одржуваат радио врски со свои колеги од целиот свет. Тие тоа го прават на определени фреквенциски опсези (бандови). Најпопуларните радиоаматерски фреквенциски опсези на кратки бранови се:
1.8 MHz (бранова должина од 160 m)*
3.5 MHz (бранова должина од 80 m)
7 MHz (бранова должина од 40 m)
14 MHz (бранова должина од 20 m)
21 МHz (бранова должина од 15 m)
28 MHz (бранова должина од 10 m)
]Освен горенаведените радиоаматерски опсези, во краткобрановото подрачје спаѓаат и таканаречените WARC-бандови (WARC = World Administrative Radio Conference):
]10 MHz (бранова должина од 30 m)
18 MHz (бранова должина од 17 m)
24 MHz (бранова должина од 12 m)
На WARC-бандовите не се организираат натпревари, па поради тоа посебно се интересни за оние радиоаматери кои не учествуваат во контести и сакаат да си работат нормални радио врски, без големата „гужва“ што ја предизвикуваат натпреварите.
[LEFT]Во областа на ултракратките бранови (УКБ) со фреквенција повисока од 30 MHz се сместени следните радиоаматерски фреквенциски опсези:
50 MHz (VHF) со бранова должина од 6 m
144 MHZ (VHF) со бранова должина од 2 m
432 MHz (UHF со бранова должина од 70 cm
1296 MHz (UHF) со бранова должина од 23 cm

Во следната табела се прикажани радиоаматерските опсези:
50 1.8 MHz (160 m)
Овој радиоаматерски опсег фреквенциски е лоциран веднаш по радиодифузниот опсег на средни бранови. Иако многумина го спомнуваат како најнизок краткобранов опсег, всушност овој банд спаѓа во подрачјето на средните бранови, односно средни фреквенции. Овој опсег радиоаматерите го нарекуваат „Топ Банд“.
51
Карактеристиките на овој радиоаматерски опсег се многу слични со карактеристиките на радиодифузниот среднобранов опсег. Преку ден, дометот на радиосигналот е многу ограничен и може да се користи само за локални радиоврски, со помош на површинските бранови, бидејќи просторните бранови на оваа фреквенција за време на денот силно се апсорбирани од јоносферскиот слој „D“. Во зависност од моќноста на предавателот, можни се врски до 50-60 километри.
Јоносферскиот слој „D“ егзистира само преку ден, и се формира под дејство на сончевите зраци. По заоѓање на сонцето, Слојот „D“ многу брзо се расформира, а со тоа слабеењето на сигналите од овие фреквенции се намалува, па така, со првиот мрак, растојанието на кое е можна радиокомуникација на овој банд почнува да се зголемиува. За време на ноќта, можат да се остварат подалечни DX-врски. За комуникација помеѓу две радиостаници на многу голема далечина, потребно е на локациите на обете радиостаници да е ноќ.
Понекогаш, за време на самракот пред изгревање или по залезот на сонцето, можни се краткотрајни периоди (најчесто 5 до 15 минути) во кои значително се подобруваат условите за остварување на далечни врски.
Врски помеѓу Европа и Северна Америка, се можни особено во периоди непосредно пред изгревање на сонцето во Европа, или во периоди непосредно по заоѓање на сонцето во Северна Америка, така што на целиот пат што треба да го поминат радиобрановите помеѓу двете радиостаници да е ноќ.
DX-Врски во правец север-југ најчесто се можни околу полноќ.
Нивото на РФ-шум и импулсни РФ-пречки често е многу високо. Освен тоа атмосферските РФ-пречки се исто така многу изразени, особено во лето, кога има голем број на грмотевици во регионот. Во овој опсег се присутни и многу РФ-пречки кои потекнуваат од индустријата, како и од разни електрични машини во населените места.
За време на периодите со минимум сончева активност, односно минимум сончеви пеги (од 11 годишниот сончев циклус), овој банд станува интересен, а особено за време на зимата, кога ноќите се подолготрајни и кога можат да се постигнуваат далечни радиоврски.
Општо земено, радиоврските на големи растојанија во овој радиоаматерски опсег се подобруваат во текот на зимата, кога ноќта е подолга, а грмотевиците кои создаваат радиопречки се многу ретки. Притоа, треба да се има предвид дека кога е зима на северната хемисфера од планетата, на јужната хемисфера е лето, па таму условите за радиоврски на овој банд не се баш оптимални и обратно.
Брановата должина на овој фреквенциски опсег е околу 160 метри, па и најобичните антени, како што се дипол, GP, инвертед „V“ и слични, се со многу големи димензии, а тоа претставува сериозен проблем. На пример, должината на една жичена дипол-антена за овој опсег изнесува околу 78 метри! Освен тоа, висината на која треба да се постават антените за да бидат поефикасни за DX-врски треба да биде многу голема, бидејќи ако еден жичен дипол се постави на само 15 - 16 метри од земјата, тоа претставува само една дeсетина од брановата должина, што е недоволна висина за ефикасно зрачење на антената со низок агол кон хоризонтот, потребно за одржување на подалечни радиоврски. Да се потсетиме, сигналите на далечните DX-радиостаници доаѓаат со низок агол кон хоризонтот, а сигналите на блиските радиостаници (одбиени од јоносферата) доаѓаат вертикално одозгора или под висок агол во однос на хоризонтот. Затоа, за одржување на далечни врски, најчесто се поставува вертикална (GP) антена која има таква карактеристика да зрачи и прима под низок агол во однос на хоризонтот, а одозгора, под висок агол е многу помалку осетлива, па затоа има помалку пречки од блиските станици, чии сигнали доаѓаат под висок агол одбиени од јоносферата. Но изработката на една вертикална антена, е исто така многу комплицирана, бидејќи должината на вертикалниот елемент на GP-антената треба да изнесува една четвртина од брановата должина, а тоа се цели 40 метри!
Максимална РФ-моќност во овој опсег која може да се употреби во Северна Македонија изнесува 300 W.

3.5 MHz (80 m)
Овој најнизок краткобранов радиоаматерски банд е сличен на 1.8 MHz, со тоа што полесно се постигнуваат радиоврски на поголеми растојанија. Овој опсег може да биде многу „зафатен“, а тоа се забележува особено навечер, бидејќи се користи од многу корисници кои емитуваат разни радио-сервиси. Исто така, нивото на РФ-шум и импулсни РФ-пречки често е многу високо. Атмосферскиот РФ-шум е малку помал во однос на 160 метарскиот опсег, ама сепак е доста присутен, особено во лето, кога има голем број на грмотевици во регионот.
53

графички приказ на распоредот на фреквенции и дозволени емисии во краткобрановиот опсег од 3,5 MHz
Во текот на денот, поради присуството на јоносферскиот слој „D“ кој се формира од сончевото зрачење, а кој во голема мера ги слабее сигналите на овие фреквенции, растојанието во рамките на кое е можно да се воспостави радиоврски е ограничено на околу 200 до 300 километри. Во текот на зимата преку ден се можни малку подалечни врски во однос на летото, па така во зимските денови, максималните домети се до околу 400 километри.
Во текот на ноќта, растојанието на кое е можно да се воспостави радиоврски се зголемува многукратно, па така, без некој поголем проблем може да се комуницира со радиоаматери кои се оддалечени 1500 до 2000 km, а со добри антени и со подалечни радиостаници.
За време на периодите со минимум сончева активност, односно минимум сончеви пеги (од 11 годишниот сончев циклус), овој банд е многу атрактивен, а особено за време на зимата, кога ноќите се подолготрајни и кога можат да се постигнуваат многу далечни радиоврски.
Пропагациите по должината на таканаречената „сива линија“ (grey line) често се многу поволни за остварување на DX-врски, кога многу далечни радиостаници се слушаат како да се локални. „Сива линија“ се нарекува тесното подрачје на земјината топка, кое е опфатено со самракот пред изгревање на сонцето и по заоѓање на сонцето. Всушност, „Сивата линија“ е тесна област околу граничната линија помеѓу денот и ноќта на Земјината топка. Се разбира, овие поволни DX-пропагации можат да се појават на ограничени подрачја и се краткотрајни, а најчесто се случуваат во текот на пролетта и есента.
Во зимските месеци, особено во годините со минимум сончеви пеги и во период на првите утрински часови, пред изгрејсонце, можни се интерконтенентални радиоврски. Притоа се јавува „мртва зона“ од околу 1000 km поради далечината на прескокнување на радиобрановите одбиени од јоносферата. При вакви услови, блиските европски радиостаници можат да го попречуваат приемот само во рамките на дометот на нивните површински радиобранови, па сигналите на DX-станиците можат подобро да се слушнат.
За одржување на SSB DX-врски се предвидени фреквенциите помеѓу 3.575 до 3.800 kHz, каде што не треба да се одржуваат локални разговори, бидејќи можат да го попречат работењето на оние кои се обидуваат да остварат далечни врски.
Во Европа овој радиоаматерски опсег е ограничен од 3.5 до 3,8 MHz, а во САД е дозволена работа од 3.5 до 4 МHz.[/COLOR]

Adminisrator™
02.11.2020, 14:46
брановата должина на овој фреквенциски опсег е околу 80 метри, па слично како и кај претходниот банд (160м), антените треба да бидат со големи димензии, а тоа претставува сериозен проблем. на пример, должината на една жичена дипол-антена за овој опсег изнесува околу 40 метри. освен тоа, висината на која треба да се постават антените за да бидат поефикасни за dx-врски треба да биде многу голема (барем 40 метри), бидејќи ако еден жичен дипол се постави на некои 15 - 16 метри од земјата, тоа претставува само една петина од брановата должина, што е недоволна висина за ефикасно зрачење на антената со низок агол кон хоризонтот, потребно за одржување на подалечни радиоврски. да се потсетиме, сигналите на далечните dx-радиостаници доаѓаат со низок агол кон хоризонтот, а сигналите на блиските радиостаници (одбиени од јоносферата) доаѓаат вертикално одозгора или под висок агол во однос на хоризонтот. затоа, за одржување на далечни врски, најчесто се поставува вертикална (gp) антена која има таква карактеристика да зрачи и прима под низок агол во однос на хоризонтот, а одозгора, под висок агол е многу помалку осетлива, па затоа има помалку пречки од блиските станици, чии сигнали доаѓаат под висок агол одбиени од јоносферата. но изработката на една вертикална антена, е исто така комплицирана, бидејќи должината на вертикалниот елемент на gp-антената треба да изнесува една четвртина од брановата должина, а тоа се цели 20 метри.

Adminisrator™
02.11.2020, 14:49
УКБ радиоаматерски опсези (VHF и UHF)

Во областа на ултракратките бранови (УКБ) со фреквенција повисока од 30 MHz се сместени следните радиоаматерски фреквенциски опсези:
50 MHz (VHF) со бранова должина од 6 m
144 MHZ (VHF) со бранова должина од 2 m
432 MHz (UHF со бранова должина од 70 cm
1296 MHz (UHF) со бранова должина од 23 cm

Колку фреквенцијата е повисока и брановата должина пократка, површинскиот бран е помалку изразен, а просторниот бран станува се позначаен фактор за одржување на радио врските. Кај ултракратките бранови (УКБ) со фреквенции од 30 MHz па нагоре, сè повеќе доаѓа до израз сличноста на радиобрановите со светлината, односно ултракратките бранови се шират со директни зраци, праволиниски, слично како светлината.

Сепак, секој од УКБ радиоаматерските опсези има свои посебни карактеристики. Поголема сличност со светлинските зраци имаат ултракратките бранови со помала бранова должина кои се познати како UHF (ultra high frequency), додека ултракратките бранови со поголема бранова должина, означени како VHF (very high frequency), особено опсегот од 50 MHz, понекогаш можат да се простираат на сличен начин како највисокиот краткобранов опсег (28 MHz), па во зависност од условите во атмосферата (тропосферата и јоносферата), да се оствари комуникација со целиот свет. Така на пример, во период на најголема сончева активност (максимум сончеви пеги) на најнискиот VHF-банд (50 MHz со бранова должина од 6 метри) се случуваат краткотрајни отварања при кои се можни радиоврски со целиот свет.

Кај долните радиоаматерски УКБ опсези (50 MHz и 145 MHz), понекогаш се јавува појава на одбивање на радиобрановите од јоносферскиот спорадичен слој „Е“ (Е-спорадик) кој се јавува повремено, при што е можно воспоставување на радиоврски на средно растојание (најчесто околу 1500-2500 километри). Интересно е тоа што на овие опсези, радиоаматерите пронашле начин на одржување врски и преку одбивање на радиобрановите од јонизирани метеорски трагови, авиони, потоа преку одбивање од Месечината и слично.
УКБ радиоаматерските опсези 145 МHz и 432 MHz се особено интересни бидејќи освен CW-телеграфија и SSB-телефонија, овозможуваат и комуникација преку репетитори со FM-телефонија (фреквенциска модулација).
54