РАДИОАМАТЕРСКА АСОЦИЈАЦИЈА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Репетитор R5 VHF со PL 123Hz, пробно е пуштен од локација во Скопје за тестирање, пред да се мести на локација Церепашина во текот на месец Мај.
Репетиторот R3 е поставен и пуштен во функција од локација Плачковица. Работи со PL123Hz. Поставен во државен објект на висина од над 1700м н.в.
Наскоро следи уште еден репетитор.
Целосна снимка од гостување на нашиот Преседател Димитар Поповски во емисијата Слободна ТВ-Скопје.
РМЗО вежба одржана на 29.03.2020
ИЗВЕСТУВАЊЕ
Сакам да Ве известам дека echo-linkovite : Z35VSG-R (R-7) i Z37RAM-R (R-0) се активни и можат да се користат.
Ве молиме да се остава пауза од барем две до пет секунди помеѓу секое јавување. Исто така немојте да ги оставате Вашите подесувања на VOX во Вашиот компјутер.
Z31MA
Драги пријатели-радиоаматери !
Честитки по повод Светскиот ден на радио аматерството!
Во ова тешко време, мора да застанеме во име на солидарноста ширум светот и да бидеме многу пољубезни и поодговорни едни кон други.
Секако, светот ќе се промени на подобро, па така ќе биде и со нашето хоби ...
Основна работа е дека ние го поддржуваме ХАМ Радио духот и сите настани поврзани со радио аматеризмот, вклучително и меѓународни натпревари ...
Ви посакувам на Вас и на Вашето семејство многу здравје, мир и спокој!
P.S. Z39STAYHOME растура по бандот, впрочем само тие се слушаат и во услови на затворен банд !!!
Почитувани колеги,ве известувам дека денес е пуштена првичната верзија од официјалната web страна на Радиоаматерската Асоцијација. Наредниот период ќе се надоградува со корисни содржини. За сите предлози и сугестии кои сакате да ги содржи web страната ве молам да ме известите.http://www.rasm.org.mk